НА СИТЕ РАМНИШТА СО СИТЕ 24 ЈАЗИЦИ НА ЕУ Урсула фон дер Лајен твитна на македонски
Фон дер Лајен вчера во земјава го претстави пакетот на помош за справување со енергетската криза, а рзговараше и со претседателот Стево Пендаровски.
Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен твитна и на македонски јазик за потпишувањето на Договорот за статус со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, Фронтекс.
Твитот е објавен исторемено на англиски и македонски јазик.
🇲🇰 Договорот со Фронтекс што го потпишуваме денес е важен.
Не само поради тоа што ја зајакнува нашата соработка во полето на миграција.
Туку поради тоа што е преведен на македонски јазик.
На исто рамниште со сите 24 јазици на ЕУ. pic.twitter.com/KWfZbc9fKk
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) October 26, 2022
Фон дер Лајен вчера во земјава го претстави пакетот на помош за справување со енергетската криза, а рзговараше и со претседателот Стево Пендаровски.