НА ШЕРОН СТОУН НЕ Ѝ СЕ ДОПАЃААТ ДЕНЕШНИТЕ ЕРОТСКИ СЦЕНИ „Не сакам да ја гледам целата таа гола, сирова сексуалност“

Актерката (68) верува дека денес сè е прикажано премногу директно, поради што интригата и копнежот исчезнуваат, па затоа таквите сцени честопати едноставно ги премотува.

69

Холивудската икона Шерон Стоун, размислувала за начинот на кој сексот е прикажан на  филмот и телевизијата денес и заклучила дека на модерните сцени им недостасува она што некогаш ги правело моќни, а тоа е мистеријата.

Актерката (68) верува дека денес сè е прикажано премногу директно, поради што интригата и копнежот исчезнуваат, па затоа таквите сцени честопати едноставно ги премотува.






Една од најпознатите улоги на Шерон Стоун е секако онаа на писателката Кетрин Трамел во еротскиот трилер „Основен инстинкт“ (Basic Instinct) од 1992 година. Филмот го следи детективот Ник Куран (Мајкл Даглас) кој истражува брутално убиство, а главниот осомничен е Кетрин. Сцената во која таа ги прекрстува нозете за време на испрашувањето и открива дека не носи долна облека стана еден од најконтроверзните и најпрепознатливи моменти во филмската историја.

Во неодамнешно интервју за CBS, Стоун објасни зошто овој суптилен момент имал таква моќ.

– Беше само еден момент, дури ни цел кадар од филмот. Луѓето се обидуваа да сфатат што гледаат. Мислам дека целата наша длабока сексуалност се темели на тоа „О, Боже“, таа надеж, тоа чудење, таа мистерија, таа интрига и тој копнеж – рече таа.

Токму затоа што не ја гледа таа суптилност во нив, актерката признава дека не е обожавател на денешните прикази на интимност на екранот.

– Денес, кога наидувам на секс сцени на телевизија, често ги премотувам напред. Не сакам да ги гледам. Не сакам да ја гледам целата таа гола, сирова сексуалност. Ме лишува од сопствената имагинација. Ги преферирам мојот копнеж, мојата мистерија и мојата желба. Сакам да го одржам тоа живо во мене – вели Стоун.

Таа призна дека легендарната сцена од „Основен инстинкт“ оставил траен белег на нејзината кариера, опишувајќи го моментот со зборовите: „О, Боже, тоа сè промени.“

Иако претходно проговори за околностите на снимањето, сега откри дека имала законско право да побара сцената да се отстрани од филмот, но на крајот одлучила да не го стори тоа. Таа објаснила дека кога режисерот Пол Верховен сфатил што снимил, не знаел како да ѝ покаже.

– Сигурна сум дека никој од нас во тој момент не знаел што добиваме од тој кадар. Кога се освестив, не го присилив да го исече од филмот, иако имав законско право да го направам тоа. Имав можност да направам нешто различно, но не го направив тоа. Кога се повлеков и ја погледнав целата ситуација, сфатив, како филмаџика, а не како девојка во филмот, дека сцената го направила филмот подобар.

Поврзани содржини