📽️ 📷 НА СЕВЕРИНА Ѝ ПУКНАА ПАНТАЛОНИТЕ СРЕДЕ НАСТАП Пејачката ги лепеше со селотејп, фановите шокирани
Хрватската пејачка Северина Вучковиќ пред три вечери пееше во Минхен, каде покажа интересен стајлинг, но се покажа дека не е квалитетен.
Хрватската пејачка Северина Вучковиќ пред три вечери пееше во Минхен, каде покажа интересен стајлинг, но се покажа дека не е квалитетен.
View this post on Instagram
На овој настап пејачката најпрво имала проблем со сцената која многу се лизгала, поради што не можела да танцува како што обично тоа го прави. Нејзиниот технички персонал потоа поставил некаков вид на итисон на сцената, кој го залепи со селотејп. Малку подоцна Северина суптилно побарала од гитаристот палто, бидејќи и биле искинати панталоните, кои човекот од организацијата ги залепил со истиот селотејп.
View this post on Instagram
– Приказна пред добра ноќ,.. Му шепнав на Хенри дека ми пукнаа панталоните и дека треба да ми го даде палтото. Хенри го носи палтото, Љубо ги залепи панталоните со селотејп лентата со која го залепи тепихот на подот (затоа што подот беше лизгав поради кондензација, што е идеално за салто, поради што се плашев дека може да се случи)… Поздрав до производителот на селотејпи. Каков рокенрол – напишала пејачката која открила и дека фризурата и „паднала“ додека ја пеела третата песна, а панталоните и се скинале во текот на 13-тата песна.