📷 НАЈСЕКСАПИЛНАТА АКТЕРКА ГО ОДЗЕМА ЗДИВОТ НА ВЕНЧАВКАТА НА БЕЗОС И САНЧЕЗ Сидни Свини го истакна бујното деколте во прекрасниот фустан

Најсексапилната актерка на денешницата Сидни Свини, 27-годишната ѕвезда на серијата „Еуфорија“ и една од најпопуларните актерки во светот, блесна во розова боја на гламурозната свадба на милијардерот Џеф Безос и новинарката Лорен Санчез во Венеција.

835

Свини ги привлече погледите кога се појави на венчавката на Безос и Санчез во петокот, 27 јуни. За да пристигне на луксузната церемонија која се одржа на островот Сан Џорџо Маџоре во Венеција, Сидни избра розов фустан.

Атрактивната актерка изгледаше како вистинска грчка божица на венчавката на годината.

Сидни се појави во елегантен фустан без прерамки, со горен дел во форма на корсет, а кој се ширеше во прекрасна здолниште во А-крој. За да ја комплетира модната комбинација, Сидни носеше нежно розова шминка, додека својата долга руса коса ја стилизираше во бранови.

View this post on Instagram

A post shared by Vogue Türkiye (@vogueturkiye)

Покрај Сидни Свини, на раскошната венчавка во Италија се појавија и бројни други холивудски ѕвезди и познати личности, меѓу кои и членови на семејствата Кардашијан и Џенер, Опра Винфри, Иванка Трамп, Леонардо Дикаприо, Виторија Черети, Орландо Блум и Ел Гулдинг.

Поврзани содржини