НА РОН ЏЕРЕМИ МУ СЕ ЗАКАНУВА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Обвинет за силување на 21 девојка, меѓу кои и малолетничка
Вклучени се и две точки од обвинението за сексуален напад врз несвесни или заспани лица, и по една точка за секој блуден чин врз дете на возраст под 14 или 15 години, содомија со употреба на сила и напад со намера да изврши силување.
67-годишниот Рон Џереми е обвинет од Обвинителството во Лос Анџелес за напади врз 21 жртва, меѓу кои и 15-годишно девојче, дела кои се стари повеќе од две децении.
Последниот наводен напад на Рон Џереми се случи на млада девојка во стриптиз клуб помеѓу 2002 и 2003 година.
Обвинението беше поднесено од Канцеларијата на обвинителот во Лос Анџелес кон крајот на јуни 2020 година за напад врз четири жени.
Во август 2020 година, уште 20 жртви се приклучија на тужбата против Џереми.
Во октомври 2020 година, поранешната порно sвезда беше обвинета за седум точки за сексуален напад, и дури тогаш беше објавено дека, доколку биде прогласен за виновен, Џереми ќе се соочи со казна од повеќе од 330 години, односно доживотен затвор.
Обвинителите отфрлија 14 други случаи против него во октомври поради застареноста. Новите обвиненија за сериозни злосторства во средата вклучуваа 12 точки за присилно силување, седум точки за присилна орална задоволување, шест точки за сексуално вознемирување со воздржаност и четири точки за сексуална „пенетрација на предмети“.
Вклучени се и две точки од обвинението за сексуален напад врз несвесни или заспани лица, и по една точка за секој блуден чин врз дете на возраст под 14 или 15 години, содомија со употреба на сила и напад со намера да изврши силување.
Познатиот глумец во филмови за возрасни Рон Џереми се изјасни за невин на суд.
Во 2020 година, тој објави на социјалните мрежи дека не е виновен и дека едвај чека да се докаже тоа на суд. Попатно, тој се заблагодари на „сите за поддршката“.