НА РОДОС СЕ ЗАПАЛИ КРУЗЕР СО 82 ПАТНИЦИ Неколку патници полесно повредени
Пожарот се случил недалеку од брагот, па патниците биле брзо евакуирани.
Крузер со 82 патници се запали на грчкиот остров Родос, во близина на местото Стењон, но сите патници се евакуирани и се вратени во своите хотели, јавува rodaki.gr.
Итната помош е ставена во состојба на готовност, деветгодишно девојче е пренесено во болница со полесни изгореници, како и 50-годишна жена, која исто така се здобила со полесни повреди.
Официјални лица од Капетанијата на пристаништата на Родос, екипа на Противпожарната служба како и рибарски чамци се упатиле кон областа за да помогнат во евакуирањето на патниците и гаснењето на пожарот, јави news.gr.