НА ПРИТИСОКОТ ЌЕ ОДГОВОРИМЕ СО ПРИТИСОК Северна Кореја испука четврта ракета во Јапонското Море
Северна Кореја се обидува да постави стапица на администрацијата на Бајден. Ги зареди проектилите кои ионака ќе ги тестираше за да одговори на притисокот оџ САД со дополнителни провокации во обид да изнуди отстапки, рече Леиф-Ерик Исли, вонреден професор по меѓународни студии на Универзитетот Евха Воманс во Сеул.
Северна Кореја ќе „одговори на притисокот со притисок“, велат аналитичарите, а доказ тоа е новата ракетна проба која утринава земјата ја изврши во јапонското море. Денешното „тестирање“ вклучувало два проектили во близина на копното, а според јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши проектилите имале дострел од околу 300 километри, со максимална височина од 50 километри, пишува Си-Ен-Ен.
– Северна Кореја се обидува да постави стапица на администрацијата на Бајден. Ги зареди проектилите кои ионака ќе ги тестираше за да одговори на притисокот од САД со дополнителни провокации во обид да изнуди отстапки – рече Леиф-Ерик Исли, вонреден професор по меѓународни студии на Универзитетот Евха Воманс во Сеул.
Нова ракетна проба испука утринава Северна Кореја во Јапонското Море, по четврт пат месецов, откако на 5 и 11 јануари земјата се пофали дека успешно тестирала хиперсонични ракети, а минатиот петок земјата тестираше две балистички ракети со краток дострел од железнички вагон. На ова уште минатиот вторник реагираа САД и објавија санкции за осум севернокорејски и руски поединци.
Веднаш следеше одговор до севернокорејското министерство за надворешни работи:
– Ако САД усвојат таков конфронтациски став, КНДР ќе биде принудена да преземе посилна и сигурна реакција на тоа – изјавиле од Министерството.
И во неодамнешната изјава пренесена од KCNA, портпаролот на Министерството го бранеше правото на земјата да ги зајакне своите оружја, велејќи дека нејзиниот „неодамнешен развој на оружје од нов тип е само дел од нејзините напори за модернизација на нејзината национална одбранбена способност“.
Според меѓународното право, на Пјонгјанг му е забрането да тестира балистички ракети и нуклеарно оружје.