НА ПРИНЦОТ ХАРИ МУ Е ЖАЛ ЗА ТИЕ ШТО ГО МРАЗАТ И ГО ОЗБОРУВААТ Тој ја сака Меган и не планира да се разведе од неа
Наводно сме се преселувале од куќа до куќа - 10 до 12 пати. Очигледно и сме се разведувале можеби 10 или 12 пати, коментираше принцот Хари околу озборувањата за неговиот љубовен однос со Меган.
Во последните месеци принцот Хари и Меган Маркл ретко се појавуваа заедно во јавноста. Принцот оди сам на патувања, додека, пак, Меган за тоа време се забавува со пријателките. Затоа и не е чудно што имаше гласини за проблеми во нивниот брак, на кои Хари сега се осврна.
Имено, додека присуствувал на Самитот на „Њујорк тајмс“, принцот ги демантираше шпекулациите дека се разделува со Меган Маркл кои настанаа затоа што двојката оди на настани одвоено.
Војводата од Сасекс раскажа за одлуката, што ја направиле со сопругата Меган Маркл, да се спакуваат и да се преселат во САД, откако го напуштија кралскиот живот во 2020 година, објави Космополитан.
– Наводно сме се преселувале од куќа до куќа, 10 до 12 пати. Очигледно и сме се разведувале можеби 10 или 12 пати – рече принцот Хари.
Принцот Хари исто така изјави дека е навикнат на медиумско лудило и истакна дека му е жал за луѓето кои мразат на интернет и кои вложуваат време во неговиот брак.
– Нивните надежи само се градат, а потоа тоа не се случува. Затоа искрено ми е жал за нив – објаснил тој.
Војводата од Сасекс му се извини и на Ендрју Рос Соркин, новинарот кој го интервјуираше, бидејќи мислеше дека и тој може да стане жртва на гнев по нивното интервју.
Хари додаде дека се сомнева оти интервјуто ќе биде свртено против него, а со тоа и против новинарот на „Њујорк тајмс“ со кој разговарал.
– Можам само да се извинам за тоа, но вие ме поканивте, па не сум јас виновен – на шега му одговорил принцот.
Војводата од Сасекс нагласи дека интернет гласините со текот на времето можат да станат опасни.
– Го живеам тоа искуство уште од дете. Сум видел приказни, пишувани за мене, кои всушност не се засновани на реалноста. Сум видел приказни за членовите на моето семејство, пријателите, странците, за секакви луѓе… И мислам дека кога ќе пораснеш во тоа окружување, ќе се најдеш во ситуација да ја доведуваш во прашање валидноста на информацијата, но и што мислат другите луѓе за тоа и колку тоа може да биде опасно со текот на времето – објасни принцот.