НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ НЕМА ДА СЕ УЧИ АНГЛИСКИ? Ќе имаме правници за од Гевгелија до Табановце

На Правните студии во Скопје е најавен несекојдневен експеримент со менување на студиската програма.

3,458

На Правниот факултет во Скопје најверојатно нема да се учи англиски јазик и англиска правна терминологија.

Ова на Наставно-научниот совет го соопштил деканот на факултетот, објаснувајќи ја новата студиска програма на Правните студии.






Професорот Тони Дескоски на Фејсбук извести за ова непријатно изненадување.

„Проверив, на Правните факултети во Белград, Загреб и Љубљана, трите во првите 500 на Шангајска листа, задолжително има странски јазик (правна терминологија). Искрено се надевам дека нашиот факултет нема да продолжи со оваа глупост и дека Англиски јазик (и англиска правна терминологија) ќе си остане во студиската програма“, напиша Дескоски.

 

Поврзани содржини