Палмерстон, познатиот мачор на британското Министерство за надворешни работи, по 4,5 години стаж на буден и одговорен „ловец на глувци“, заминува в пензија. По тој повод, неговиот „официјален“ Твитер-профил објави и писмо во име на мачето, обележано со две шепи наместо потпис.
Писмото е адресирано до Симон Мекдоналд, потсекретарот на Министерството. Во него, говорејќи во прво лице еднина се вели дека Палмерстон по четири и пол години служба, мора „да излезе од центарот на вниманието“ и да почне да ужива во „слободното време“ што ќе го има за себе.
– Поради пандемијата на коронавирус, многумина, како мене, беа присилени да почнат со работа од дома. Открив дека животот зад првата истурена линија е поопуштен, потивок и поедноставен. Сега уживам да се качувам по дрвја и да одам по нивите што го опкружуваат мојот нов дом на село – се наведува во писмото.
Мачорот има над 100.000 следачи на Твитер.
Повеќе познати личности од британскиот јавен живот се простија од своето милениче, истакнувајќи оти ќе им недостига и посакувајќи му мирна пензија