НА ПОРАНЕШНАТА СОПРУГА НА ЕРОС РАМАЦОТИ СЕКТА Ѝ ГО УНИШТИЛА БРАКОТ Верувала дека пицата се прави од демонски состојки
Мишел Ханцикер била убедена од сектата дека Ерос бил римски војник во минатиот живот кој ја осудил на сиромаштија, поради што на крајот ги избрала „Воините на светлината“ наместо својот сопруг.
Мишел Ханцикер, сега 48-годишна, поранешна манекенка и медиумска ѕвезда, станала позната во јавноста и по бракот со италијанскиот кантавтор Ерос Рамацоти. Тие се венчале во 1998 година и се развеле во 2009 година.
За време на нивната врска, Ерос ѝ посветил една од своите најпознати песни, Più bella cosa, а во 1996 година ја добиле ќерката, Аурора. Иако изградила завидна кариера како манекенка и телевизиска водителка, животот на Мишел бил обележан и со тешки епизоди.
Во интервјуа, таа открила дека во младоста била дел од сектата „Воини на светлината“, чии учења се темелеле на верувањето во минатите животи и реинкарнацијата. Во тоа време, таа верувала дека во минатиот живот била сестра на Исус која го предала и отишла во Рим, што ја натерало да се чувствува виновна. Заедницата им забранувала на своите членови алкохол, пушење и одредена храна, а Мишел постепено го прекинала контактот со семејството и пријателите, се повлекла од јавноста и од кариерата и на крајот го изгубила и бракот со Рамацоти.
Подоцна признала дека сектата ја убедила дека Ерос бил римски војник во минатиот живот кој ја осудил на сиромаштија, поради што на крајот ги избрала „Воините на светлината“ пред својот сопруг. Освен што ја чинела емоционално и професионално, заедницата ѝ зела и значителна сума пари.
– Приказната оди вака: Исус Христос имал сестра која се вљубила во римски војник, го предала својот брат и отишла во Рим со војникот. Но, Римјаните не сакале да слушнат за неа, па затоа живеела во сиромаштија и беда. Тоа била казна за предавството. Таа сестра бев јас. Верував дека сум била тоа во минатиот живот и дека ја носам таа вина на градите – изјавила поранешната манекенка и водителка за германскиот неделник „Штерн“.
Мишел со години била веганка, па дури и верувала дека пицата се прави од „демонски“ состојки. Таа верувала дека во минатиот живот била сопруга на СС-овец и со години немала сексуални односи.
Успеала да се ослободи од нивното влијание во 2006 година, што го означило почетокот на ново поглавје во нејзиниот живот. После тоа, Мишел се омажила за италијанскиот претприемач Томас Трусарди, со кого има две ќерки, Соле и Селесте. Сепак, и тој брак завршил со развод во 2022 година. И покрај превирањата во нејзиниот живот, Мишел Хунцикер успеала да изгради стабилна кариера и да го задржи своето место во светот на забавата. Нејзиното учество на Евровизија дополнително го потврдува нејзиното долгогодишно присуство и релевантност на европската сцена.