Најпопуларниот актер на Балканот, Милош Биковиќ откри дека има македонски корени

3,997

Изминатата година српската, но и руската кинематографија ја одбележа неговото име и презиме.

Важи за миленик на регионалната публика, но и пример за младите актери кои сакаат да направат нешто од себе и да успеат во светот на глумата.






Во моментов е актуелен со улогата на Петар Мараш во хит серијата „Јужни ветар“, а неодамна се случи и премиерата на филмското остварување „Хотел Београд“ која што непосредно отварањето на киносалите ќе доживее своја премиера и во Македонија.

Милош Биковиќ вчеравечер беше гостин во „Бекстејџседидома“, а во рамки на гостувањето освен што зборуваше за својата кариера, исто така откри и дека има македонско потекло.

Имено, неговиот дедо бил од Берово, а актерот наскоро планира да дојде во Македонија и да го посети овој град.

Поврзани содржини