НА ПОЛОВИНА ПАТ СМЕ ДО ЦЕЛТА ВО ВОЈНАТА Нетанјаху одбива да даде рок за крај

Израелскиот премиер врди дека Израел и САД се на половина пат во војната против Иран, без да даде рок за крај. Според Нетанјаху смената на режимот во Иран не е цел на војната, туку слабеење на иранската војска и држава одвнатре.

109

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел и САД се на половина пат во војната против Иран. Тој одби да даде временска рамка за крајот на конфликтот.

– Секако сме на половина пат. Но, не сакам да поставувам временска рамка – рече Нетанјаху.






Тој појасни дека проценката се однесува на постигнувањето на воените цели, а не на времетраењето на војната.

Нетанјаху тврди дека израелските и американските сили убиле илјадници припадници на Иранската револуционерна гарда. Според него, операциите се блиску до уништување на индустријата за оружје.

– Целата индустриска база, сè, фабриките, нуклеарната програма, сè уништуваме – рече тој.

САД и Израел ја започнаа војната на 28 февруари 2026 година. Американскиот претседател Доналд Трамп првично најави дека операциите ќе траат 4 до 6 недели.

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека војната ќе трае уште неколку недели. Во меѓувреме расте противењето во американската јавност и цените на нафтата бележат раст.

Нетанјаху изјави дека падот на иранскиот режим не е непосредна цел.

– Она што го правиме е слабеење на нивната војска, нивните ракети и нивните нуклеарни капацитети, но и нивно слабеење одвнатре – рече тој.

Аналитичарите предупредуваат дека тврдењата за нуклеарна закана се контроверзни. Меѓународната агенција за атомска енергија наведува дека нема докази за активна програма за нуклеарно оружје.

Поврзани содржини