НА ПОЛНОЌ ПОЕВТИНИ ГОРИВА Еден денар помалку за секој литар бензин и дизел

Поевтинуваат и екстра лесното масло и мазутот.

73

За еден денар поевтинуваат горивата и Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Новата цена на литар  „еуросупер БС – 95“ од полноќ ќе се точи за  84,50 денари, а „еуросупер БД -98“ ќе чини  87 денари. Дизелот ќе има цеа од 97 денари. Екстра лесното масло ќе има цена  93,5 денари.






Се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, за 0,990 денари за килограм и ќе изнесува 51,473 денари за килограм.

Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,25 отсто во однос на одлуката од 5 септември годинава.

 

Поврзани содржини