НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕВОИ Е ВОВЕДЕНА ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ВОЗИЛА На одделни патишта има одрони
Забрана за камиони има и на планинските превои Стража, Ѓавато, Пресека, крак Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, соопшти АМСМ.
Поради врнежи од снег на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража од 07.45 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила. Забрана за камиони има и на планинските превои Ѓавато, Пресека, крак Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
АМСМ апелира внимателно да се управуваат возилата, да се почитува поставената сообраќајна сигнализација, како и да се прилагоди на условите на патот.