НА ПЕЛОПОНЕЗ ИЗМЕРЕНИ РЕЧИСИ 46 СТЕПЕНИ Над 85 отсто од Грците „се печат“ на над 39

Денеска температурата во многу делови од земјата надмина 42 степени, а највисоките температури се регистрирани во Епир, Тесалија, западна и северна Грција, Пелопонез и во јужниот дел на Крит.

604

Највисоката температура во Грција денеска достигна 45,8 степени Целзиусови, измерени во Скала во општина Месиниа на Пелопонез, а околу 85 отсто од вкупното население на земјата искуси максимални температури над 39 степени, според податоците на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео.

Денеска температурата во многу делови од земјата надмина 42 степени, а највисоките температури се регистрирани во Епир, Тесалија, западна и северна Грција, Пелопонез и во јужниот дел на Крит. Просечната максимална температура денеска во Грција беше највисока во последните денови и достигнува 37,6 степени,. Дури 359 од 554 активни метеоролошки станици регистрирале температури од над 37 степени, 165 станици регистрирале над 40 степени, а термометарот покажал над 42 степени во 34 станици.






„Она што е карактеристично за денешниот ден е тоа што многу голема географска површина на земјата беше зафатена од екстремно високи температури. Се проценува дека околу 85 отсто од вкупното население на Грција искуси максимални температури над 39 степени“, пишува Метео.

Порталот појаснува дека демографските податоци се однесуваат на постојаните жители на секој регион, додека привремените промени во населението, на пример, поради летни одмори, не се земени предвид.

Во областа Атика, поширокиот регион на Атина, температурата беше над 40 степени.

Новиот топлински бран што од понеделникот ја зафати Грција, според најавите и прогнозите се очекува да трае до недела.

Поврзани содржини