НА ОВОЈ ТРУД ГРАШОК НЕ ЈАДАМ! Всушност, добар е за зголемување на енергијата и забрзување на метаболизмот

Иако некои не го сметаат за достоен оброк, особено после некоја поголема физичка активност, тој е дефинитивно токму тоа – оброк полн со хранливи материи

313

Видеото со младиот извидник кој зимава го привлече вниманието на јавноста, а во кое тој велеше дека на толкав труд, сигурно нема да јаде грашок, всушност е сосема погрешен став. Имено, грашокот е добар токму за зголемување на енергијата и забрзување на метаболизмот. Никогаш немојте да пропуштате чинија грашок бидејќи е одлично природно средство за забрзување на метаболизмот, зголемување на енергијата на телото и стабилизирање на нервниот систем.

Ова растение припаѓа на мешунките и има многу лековити состојки. Затоа, секогаш е добредојдено во исхраната и може да се подготви на различни начини: како предјадење, во салати, супи или како главно јадење, со секакви видови на месо, со ориз, компири и слично.






Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини