На Олимписките во Токио нови 24 случаи на коронавирус, двајца во болница

Вкупниот број на позитивни случаи на ковид-19 од 1 јуни се искачи на вкупно 193, соопштија олимписките организатори.

200

Организаторите на Олимписките игри во Токио соопштија денеска за 24 нови позитивни случаи на коронавирус, што е најголем дневен пораст на заразени откако домаќините почнаа да објавуваат податоци на 1 јуни.

Меѓу 24-те нови случаи, тројца се спортисти, чии идентитет не е наведен.






Досега коронавирусот е потврден кај вкупно 20 натпреварувачи на Олимписките игри.

Две лица од странските делегации, кои присуствувале на церемонијата на отворањето на Игрите, на 23 јули, се хоспитализирани, но и двајцата се со полесна клиничка слика.

Вкупниот број на позитивни случаи на ковид-19 од 1 јуни се искачи на вкупно 193, соопштија олимписките организатори.

Во јапонската престолнина последните денови, исто така, расте бројот на новозаразени. Здравствените власти соопштија дека во средата со вирусот се заразиле 3.177 лица, што е втор последователен рекорд на дневна основа.

Поврзани содржини