НА ОХРИДСКО МУ СЕ ЗАКАНУВА ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА Левица за можното исклучување на колекторскиот систем

Сите препумпни станици, вкупно 18 на број, работат на струја и директорот на ова јавно претпријатие најави дека постои можност сите во еден ден да бидат исклучени.

125

Скандалозни се најавите дека може да дојде до исклучување на колекторскиот систем на Охридското езеро, поради превисоки сметки за струја – реагира политичката партија Левица.

Сите препумпни станици, вкупно 18 на број, работат на струја и директорот на ова јавно претпријатие најави дека постои можност сите во еден ден да бидат исклучени.






Прекин на работата на пречистителната станица и пумпните станици што учествуваат во прочистувањето на водите на Охридското Езеро би значело фатална еколошка катастрофа за едно од најстарите природни езера во Европа! Скандалозен е и молкот на министерот Нуредини за оваа сериозна закана по Охридското езеро, од каде нема никаква најава за преземање мерки за ваквата опасност. Неспособноста и немањето стратегија на криминалната коалиција СДС-ДУИ се рефлектира во секоја сфера на општествениот живот – преку национални понижувања, економски пустош, коруптивни скандали до целосна деградација на најзначајните природни богатства“ – се вели во соопштението на Левица.

Поврзани содржини