На новото „Blu Ray“ издание на Шербеџија и снимка со Стефановски од „Златна Бубамара“
На изданието е и материјалот од неговиот концертен настап одржан во престижното Хрватско народно казалиште на крајот од 2019 година со „Западни Колодвор“ под наслов „Već sam ti pričao“.
На штотуку објавениот Blu Ray Disc на актерската легенда, поетот, писателот и музичар Раде Шербеџија, се наоѓа и парче од Македонија.
На изданието е и материјалот од неговиот концертен настап одржан во престижното Хрватско народно казалиште на крајот од 2019 година со „Западни Колодвор“ под наслов „Već sam ti pričao“. Оттаму и насловот на дискот „Rade Šerbedžija & Zapadni kolodvor band @ HNK Zagreb“.
Тој материјал „Croatia Records“ го објави на Blu Ray (со 21 песна) и на CD (17 песни), а бидејќи Blu Ray содржи повеќе простор, во бонус делот е и снимка од последната „Златна Бубамара на популарноста“.
На неа Шербеџија, придружуван од Влатко Стефановски, ја исполнува антологиската „Ostala si uvijek ista“, од репертоарот на Мишо Ковач. Тогаш Раде ја прими интернационалната „Златна Бубамара“ за животно дело.
Концертот во ХНК, секоја година е традиционален, и, како што вели публиката – е за паметење. Тоа е сцената на која што Шербеџија низ децениите наназад брилјираше во многу антологиски улоги и претстави. На минатогодишниот концерт, меѓу друго, беа изведени и песните: „Vrijeme je, draga, vrijeme je“, „Barbara“, „Ne daj se Ines“… Сцената со него ја делеа: Влатко Стефановски, Дамир Урбан…, како и неговата ќерка Милица Шербеџија.