НАЈМЛАДИТЕ ПОЧИНАТИ ИМААТ 36 И 37 ГОДИНИ 674 новозаболени, 27 лица ја загубија битката
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 175.330, бројката на оздравени пациенти е 155.101, на починати е 5.869, а бројот на активни случаи изнесува 14.360.
Според податоците од ИЈЗ, Министерството за здравство информира дека денеска се регистрирани 674 новозаболени со ковид-19, 27 лица ја загубиле битката со коронавирусот, додека 403 пациенти се водат како оздравени.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 4.618 тестирањe, а регистрирани се 674 нови случаи на ковид-19: Скопје – 253, Тетово – 105, Гостивар – 44, Куманово – 36, Струмица – 32, Кичево – 26, Прилеп – 24, Дебар – 19, Битола – 18, Штип – 16, Свети Николе – 14, Струга – 13, Велес ,Кавадарци и Охрид – по 12, Ресен – 7, Кочани, Гевгелија и Кратово – по 5, Виница – 4, Неготино – 3, Берово и Пехчево – по два, Крива Паланка,Радовиш, Валандово, Богданци и Македонски Брод – по еден.
Регистрирани сe 403 оздравени пациенти од Скопје – 108, Гостивар -103, Куманово -31, Кичево и Дебар – по 20, Струмица и Кавадарци – по 15, Прилеп и Штип – по 12, Битола – 9, Тетово – 8, Свети Николе – 7, Кочани ,Берово и Валандово – по 6, Велес ,Гевгелија и Кратово – по 5, Ресен и Пехчево – по 3, Македонски Брод – двајца, Делчево и Пробиштип – по еден.
Пријавени се 27 починати лица, седум починати лица од Тетово (49, 69, 71, 74, 74, 81 и 89), шест починати лица од Гостивар (37, 65, 71,72,74 и 76), пет починати лица од Скопје (49, 60, 68, 78 и 87), по двајца починати лица од Дебар (49 и 61) , Свети Николе (58 и 73) и Струга (36 и 77), и по едно починато лице од Куманово (63), Струмица (56) и Велес (69). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Направени се 4.618 тестови преку: ИЈЗ-208, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Битола-85, ЦЈЗ Прилеп-84, ЦЈЗ Тетово–176, ЦЈЗ Куманово –52, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–150, Жан Митрев (Филип Втори)-180, Авицена-293, Биотек-133, Систина-118, лабораторија Лаор-416, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–104, Генеа -8, Никоб лаб-555, ВФВ Медикал-79, Ели Медика-64, Ројал Медика –52, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.894.
Досега во земјата се направени вкупно 1.149.699 тестирање на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 175.330, бројката на оздравени пациенти е 155.101, на починати е 5.869, а бројот на активни случаи изнесува 14.360.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 75.486, активни 5.348, Куманово 10.147, активни 898, Прилеп 8.626, активни 244, Тетово 10.202, активни 2.130, Битола 6.685, активни 263, Велес 5.743, активни 218, Гостивар 7.548, активни 1.330, Кавадарци 5.431, активни 194, Охрид 5.490, активни 420, Штип 5.228, активни 191, Струмица 5.117, активни 714, Струга 3.542, активни 517, Кочани 2.976, активни 124, Кичево 3.544, активни 642, Гевгелија 2.288, активни 81, Неготино 2.231, активни 42, Свети Николе 1.668, активни 111, Ресен 1.387, активни 122, Крива Паланка 1.265, активни 30, Радовиш 1.317, активни 112, Берово 1.118, активни 32, Делчево 1.034, активни 49, Дебар 1.312, активни 229, Виница 951, активни 41, Пробиштип 833, активни 42, Валандово 738, активни 37, Богданци 522, активни 28, Крушево 513, активни 23, Демир Хисар 411, активни 11, Демир Капија 401, активни 3, Кратово 451, активни 57, Македонски Брод 432, активни 56, Пехчево 293, активни 5, Македонска Каменица 265, активни 15 и Дојран 135, активни 1.