НАЈМЛАДИОТ ПОЧИНАТ ИМА 33 ГОДИНИ Новозаразени се 333 граѓани

Во едно деноноќие починаа 16 пациенти.

949

Нови 333  случаи на ковид-19 од 2440 тестирања се регистрирани во изминатите 24 часа. Починаа 16 пациенти, најмладиот на 33 години, дополнително уште лице починато на 30 ноември, согласно со регистарот на Мој термин. Според податоците на Институтот за јавно здравје, во изминатото деноноќие евидентирани се 376 оздравени пациенти.

Од новодијагностицираните 333, во Скопје се 154, Битола и Прилеп имаат по 23, Кавадарци 22, Куманово 16, Охрид 15, Штип девет, Струмица осум, Велес седум, Тетово шест, Делчево и Валандово по пет нови случаи, Крива Паланка, Ресен и Кратово по четири, Кочани, Струга, Гевгелија и Неготино по три, Радовиш, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Крушево по два и по еден новозаразен е регистриран во Гостивар, Кичево, Свети Николе, Виница, Македонска Каменица и Пехчево.






Од 16-те починати, четворица се од Скопје (42г, 54г, 64г и 80г), по двајца се од Битола (33г и 86г), Штип (62г и 78г) и Кочани (55г и 82г) и по еден починат од Прилеп (74г), Охрид (86г), Велес (80г), Крива Паланка (77г), Богданци (58г) и Демир Хисар (83г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Пациентот починат на 30 ноември, пријавен согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, е од Кавадарци, на возраст од 63 години и починал во болнички услови.

Од оздравените 376 пациенти,  од: Скопје се 135, Битола – 34, Прилеп – 31, Кавадарци – 22, Кочани – 18, Велес – 16, Крива Паланка – 14, Куманово, Штип и Берово по 12, Гевгелија – девет, Ресен – осум, Тетово и Струмица по седум, Делчево – шест, Кичево, Кратово и Богданци по пет, Виница и Пробиштип по четири оздравени, Охрид, Валандово и Македонска Каменица по двајца и по еден оздравен од Свети Николе, Радовиш, Демир Хисар и Крушево.

Епидемиолошки анализи на заболени и на активни случаи по градови:

Скопје 94 627, Активни 3835
Куманово 12 899, Активни 244
Тетово 11 335, Активни 155
Прилеп 10 255, Активни 426
Битола 8708, Активни 615
Гостивар 8062, Активни 29
Велес 7307, Активни 327
Кавадарци 6991, Активни 307
Штип 6587, Активни 159
Охрид 6475, Активни 302
Струмица 6114, Активни 156
Кичево 4223, Активни 73
Кочани 4002, Активни 165
Струга 3907, Активни 69
Гевгелија 2797, Активни 119
Неготино 2563, Активни 58
Свети Николе 2116, Активни 80
Крива Паланка 1894, Активни 129
Ресен 1742, Активни 92
Радовиш 1727, Активни 67
Дебар 1456, Активни 2
Берово 1446, Активни 85
Делчево 1404, Активни 138
Виница 1157, Активни 40
Пробиштип 1118, Активни 26
Валандово 940, Активни 62
Кратово 773, Активни 45
Богданци 646, Активни 32
Демир Хисар 616, Активни 78
Крушево 590, Активни 35
Македонски Брод 495, Активни 12
Демир Капија 424, Активни 7
Македонска Каменица 417, Активни 65
Пехчево 351, Активни 12
Дојран 164, Активни 4

Бројот на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 216 328 од 1 476 534 тестирања. Оздравени се 200 669, починати 7609, а активни случаи има 8050.

Поврзани содржини