НА МЕТА Е ЦЕЛА ЕВРОПА Зеленски предупредува дека руската агресија нема да запре во Украина

Зеленски уште еднаш повика на ембарго на рускиот гас и нафта, што ги нарече извори на руската „самодоверба и неказнивост“.

733

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека мета на руската агресија е цела Европа и дека запирањето на инвазијата врз Украина е од суштинско значење за безбедноста на сите демократии.

Тој во своето обраќање истакна дека Русија нема намера агресијата да ја ограничи само на Украина, туку „целиот европски проект е мета на Русија“.






– Затоа не е само морална обврска на сите демократии, на сите сили на Европа, да ја поддржат желбата на Украина за мир. Ова е всушност одбранбена стратегија за секоја цивилизирана земја – нагласи Зеленски во обраќањето до јавноста откако Украинците продолжија да бегаат од источните делови на земјата.

Тој уште еднаш повика на ембарго на рускиот гас и нафта, што ги нарече извори на руската „самодоверба и неказнивост“.

– Слободата нема време за чекање. Кога тиранијата ќе започне агресија против сè што го штити мирот во Европа, тогаш мора итно да се преземат акции – порача претседателот на Украина.

Поврзани содржини