На манекенката ѝ вградиле метални плочки во стапалата, таа се жали: Не можам да ги носам моите дизајнерски штикли ФОТО
Британската старлета и манекенка Кети Прајс се пожали на својот инстаграм-профил дека мора да ги продадe речиси сите свои дизајнерски чевли затоа што нејзините нозе повеќе не можат да застанат во нив, пишува „Сан“. Кети ова лето заврши на операција откако ги скрши двете нозе на одморот во Турција, а по болните операции, лекарите ѝ вградија метална шипка за да ѝ ги држи стапалата, пренесува „Индекс.хр“.
– Многу сум тажна што не можам повеќе да ги носам своите високи потпеци на „Џими Чу – рече таа.
„Патентите едноставно не функционираат поради коските на задниот дел од стапалата“, објасни таа.
Лекарите по операцијата, која траела шест часа, ја информирале дека веројатно нема да може да оди нормално до 2021 година. Старлетата ги скрши нозете додека беше на одмор во Турција, но се чини дека веќе почнала да закрепнува.
Повторно започнала да снима, а британските таблоиди пишуваат дека неодамна отишла и на прва прошетка по операцијата.
– Единствената причина зошто ме боли е затоа што имам метални плочки и 16 завртки во двете нозе, по осум во секоја од нив – рекла Кети Прајс.
„Сите лигаменти треба да се зајакнат, но неверојатно е повторно да бидете на нозе и да сте излекувани“, додаде таа.
Иако тешко ѝ паднало збогувањето од чевлите, таа верува дека би можела добро да заработи од нив, паа веќе поставила оглас на веб-страницата „Depop“ за да најде потенцијални купувачи.
ФОТО: Инстаграм