🎥 НАЈМАЛКУ ОСУМ ЗАГИНАТИ, СТОТИНА РАНЕТИ ВО НАПАД НА МОСТ ВО ИРАН Загинале и екипите на брза помош

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави вчера дека „најголемиот мост во Иран е урнат“ и го повика Техеран на договор „пред да биде предоцна“.

174

Најмалку осум лица загинаа, а 95 се повредени во американски напади извршени во четвртокот врз мост во Караџ, град во близина на Техеран, соопштија локални власти.

Иранските медиуми јавуваат дека мостот „Б1“ бил ракетиран додека спасувачки екипи пружале прва помош на настраданите во првиот напад.






Американскиот претседател Доналд Трамп изјави вчера дека „најголемиот мост во Иран е урнат“ и го повика Техеран на договор „пред да биде предоцна“. Во објава на социјална мрежа „Truth Social“, Трамп наведува дека мостот „е уништен и никогаш повеќе нема да се користи“, додавајќи дека „следува уште многу“.

Израелската армија негира дека вршела напади на тој мост.

Иранската армија најави одмазнички одговор за нападот на мостот во Караџ, како и негова обнова.

Поврзани содржини