🎥 НАЈМАЛКУ 17 МРТВИ ВО РАЗОРЕН ЗЕМЈОТРЕС НА ФИЛИПИНИ Потрес од 6,9 степени уриваше згради

На видеа објавени на социјалните мрежи се гледа како се уриваат објекти, вклучувајќи две цркви во покраината Себу, а луѓе трчаат во паника на јавниот пазар во Себу Сити. Десетици пациенти од болница во Себу биле евакуирани и сега престојуваат на отворено.

2

Најмалки 17 луѓе загинаа во силниот земјотрес што денеска ја погоди централната област на Филипините во кој се урнаа стари згради и беше предизвикана паника, јавија локалните медиуми.

Земјотресот бил со јачина од 6,9 степени според Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија.






Епицентарот бил во морето, во близина на градот Бого во покраината Себу, околу 512 километри јужно од Манила.

– Ова се смета за многу силен земјотрес. Очекуваме штета и очекуваме афтершокови – изјави директорот на институтот, Тересито Баколкол.

На видеа објавени на социјалните мрежи се гледа како се уриваат објекти, вклучувајќи две цркви во покраината Себу, а луѓе трчаат во паника на јавниот пазар во Себу Сити. Десетици пациенти од болница во Себу биле евакуирани и сега престојуваат на отворено.


Локалните медиуми јавуваат за „повеќе смртни случаи“ во градот Сан Ремихио во покраината Себу, каде што во спортски комплекс се одржувал кошаркарски натпревар во моментот на земјотресот.

Некои од жртвите биле погодени од урнатини додека се обидувале да избегаат од салата, пренесоа медиумите. Полицијата, исто така, известила дека дете загинало затрупано од урнатини додека спиело во својата куќа во Сан Ремихио.


Филипинскиот сеизмолошки завод предупреди на можно „помало покачување на нивото на морето“ и ги повика жителите на централните острови Лејте, Себу и Билиран да останат подалеку од крајбрежјето.

Пацифичкиот центар за предупредување соопшти дека „нема опасност од цунами“.

Филипините често се соочуваат со сеизмичка активност бидејќи се наоѓаат на пацифичкиот вулкански Огнен прстен. Поголемиот дел од потресите се премногу слаби за да бидат почувствувани, но повремено има силни и разорни земјотреси.


Земјотресите со јачина од 6,0 до 6,9 степени се сметаат за силни. Тие можат да предизвикаат оштетувања и на добро изградени објекти, при што конструкциите отпорни на земјотреси обично трпат мали до умерени оштетувања, додека послабите градби имаат умерени до тешки оштетувања. Земјотресите од оваа јачина можат да се почувствуваат и на стотици километри од епицентарот, а годишно во светот се случуваат меѓу 100 и 150 вакви потреси.

Поврзани содржини