НАЈМАЛКУ 14 ЖРТВИ ИМА ВО ПОЖАРОТ ВО КОВИД ЦЕНТАРОТ ВО ТЕТОВО Алсат М тврди дека информацијата е потврдена

Засега нема официјални податоци за бројот на жртви во пожарот кој е изгазнат. Телевизија 21 информира дека во болницата имало 24 лица од кои ,седум роднини на болните и 8 персонал на болницата.

2,245

Најмалку 14 жртви има во пожарто што попладнево изби во ковид ценатрот во Тетово, објави телевизија Алсат М.

Телевизијата тврди дека веста е потврдена од официјални извори.






Телевизија 21 информира дека во болницата имало 24 лица од кои  седум  роднини на болните и осум лица персонал на болницата.

Засега нема официјални податоци за бројот на жртви во пожарот кој е изгазнат.

Моментално на местото се врши увид, а повредените се транспортираат за Скопје.

На местото на пожарот се градоначалничката на Тетово Теута Арифи, министерот за здравство Венко Филипче како и премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Во скопскиот клинички центар и во градската болница „8 Септември“ се повикани лекари и медицински персонал и брзо се прават сите подготовки за прием на ковид-пациенти од Тетово каде изгоре модуларната болница, но и за прием на повредени медицински и други лица кои биле во или пред модуларната болница кога огнот брзо почнал да се шири.

Според последните информации, од дома се повикани лекари и друг медицински персонал и се подготуваат одделенија, како и ургентниот центар.

Засега не може да се добие информација колку лица ќе бидат примени од Тетово.

 

 

Поврзани содржини