Од ПЕЦ тврдат дека од 1 март до 31 мај најмалку 127 новинари од 31 земја починале како последица на вирусот, од кои две третини биле активни на терен.
Само во мај беше пријавено дека 72 новинари починале како последица на заразата, пренесува Анадолија.
Најголем број починати новинари од коронавирус има во Латинска Америка, најмалку шеесет и двајца, додека 23 во Европа, 17 во Азија, 13 во Северна Америка и 12 во Африка.
ПЕЦ наведува дека извештајот е направен врз основа на информации што се достапни преку националните здруженија на новинари, локалните медиуми и соработници.