НАЈМАЛКУ 11 ПОВРЕДЕНИ ВО ИЗРАЕЛ Силен ракетен напад од Иран, граѓаните избегаа во засолништа

Тимови за итно пребарување и спасување беа испратени на неколку локации во Израел кои беа погодени во утринските воздушни напади на Иран.

1,079

Најмалку 11 лица се повредени во новиот ирански ракетен напад врз Израел изутринава, јави ДПА, повикувајќи се на израелските спасувачки служби.

Имало најмалку 10 директни ракетни напади, вклучително и во централен Израел, соопшти израелската армија.






Силни експлозии се слушнале во крајбрежната метропола Тел Авив. Израелската армија соопшти дека локалните жители веќе можат да ги напуштат засолништата.

Тимови за итно пребарување и спасување беа испратени на неколку локации во Израел кои беа погодени во утринските воздушни напади на Иран.

Околу 30 ракети беа испукани кон Израел во нападот, што се случи неколку часа откако американските стратешки бомбардери Б-2 погодија нуклеарни објекти во Иран, објави Иранското државно радио.

Нешто повеќе од една недела по избувнувањето на најновиот конфликт меѓу Израел и Иран, САД изминатата ноќ нападнаа ирански нуклеарни објекти.

Елитниот корпус на Исламската револуционерна гарда на Иран вчера за последен пат испука балистички ракети кон Израел, погодувајќи цели во градот Хаифа.

Поврзани содржини