🎥 НАЈМАЛКУ 10 МРТВИ ПО ЕКСПЛОЗИЈА ВО НОВОГОДИШНАТА НОЌ Тешка несреќа во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана

Експлозијата се случи за време на новоогдишната прослава околу 1:30 часот по локално време во барот „Констелејшн“, кој е многу популарен кај туристите.

0

Во експлозија во бар во скијачкиот центар Кран Монтана загинаа најмалку 10 лица, а уште 10 се повредени, соопшто швајцарската полиција.

Инцидентот не се третира како терористички напад.






Портпаролот на полицијата претходно изјави дека има многу повредени и многу мртви.

– Имаше експлозија од непознато потекло –  изјави портпаролот на кантоналната полиција Галтан Латион.

Експлозијата се случи за време на новоогдишната прослава околу 1:30 часот по локално време во барот „Констелејшн“, кој е многу популарен кај туристите.

Сликите објавени во швајцарските медиуми покажаа зграда во пламен и служби за спасување во близина.

Поврзани содржини