НА МАКЕДОНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ИМ СЕ СЕРВИРА УКРАИНСКО МЛЕКО Левица прашува дали ги трампавме хеликоптерите или е распишан тендер?
„Министерката Петровска јавно треба да одговори дали е распишан тендер за овие производи или се компензација за самоуништувањето на безбедносните капацитети на Македонија, со испраќање тенковски возила на АРМ кон украинскиот фронт?“, наведено е во соопштението на Левица.
Откако министерката за одбрана Славјанка Петровска најави дека Македонија ќе ѝ донира 12 хеликоптери на Украина, на трпезата на АРМ преку ноќ почна да се сервира украинско млеко, информираше партијата Левица преку соопштение.
„Како е стигнато украинското млеко за потребите на АРМ засега е нејасно. Министерката Петровска јавно треба да одговори дали е распишан тендер за овие производи или се компензација за самоуништувањето на безбедносните капацитети на Македонија, со испраќање тенковски возила на АРМ кон украинскиот фронт?“, посочуваат од партијата на Димитар Апасиев.
Во партиското соопштение е наведено дека економската криза ја прави положбата на македонскиот земјоделец сѐ полоша.
„Наместо државните институции да го поттикнуваат домашното производство и да набавуваат македонски производи, НАТО-фундаменталистичката Влада на ДУИ и СДС повторно ги става НАТО-интересите на Украина пред сопствениот народ. До кога македонскиот земјоделец ќе биде граѓанин од трет ред додека министрите со лукративни договори ја уназадуваат надворешната позиција на Македонија?“, дополнуваат од Левица.