НА МАКЕДОНИЈА Ѝ СЕ ЗАКАНУВА ЕНЕРГЕТСКО ЦУНАМИ! Стопанската комора очајнички бара помош од државата

Енергетскиот отворен пазар е надвор од контрола, не постои услуга или производ кој може да поднесе цена на енергентите од 600 до 700 евра по мегават час - посочи Ангелоски, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија.

466

Цената на струјата мора да се ограничи и компаниите да ја плаќаат до одредено ниво, а над одредено, кое ќе се дефинира, државата од своите фондови да му излезе во пресрет на стопанството, порача денеска Трајан Ангелоски, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).

Тој ги претстави предлозите на ССК за помош на стопанството поради енергетската криза и предупреди дека поради превисоките цени на струјата се заканува затворање на економијата и банкрот.






– Во овој момент на македонската економија ѝ се заканува енергетско цунами кое може да ја уништи. Енергетскиот отворен пазар е надвор од контрола, не постои услуга или производ кој може да поднесе цена на енергентите од 600 до 700 евра по мегават час – посочи Ангелоски.

ССК смета дека ЕЛЕМ мора да обезбеди дополнителни количини енергија од домашно производство за слободниот пазар и на овој начин да изврши одреден позитивен притисок за намалување на енормно високите цени. Исто така и да не се дискриминираат компаниите кои се наоѓаат на слободниот пазар во однос на оние на регулираниот.

– ЕЛЕМ мора да го зголеми производството, во овој момент не сме убедени дека го има достигнати максимумот и да почне да продава струја на пазарот што позитивно ќе делува за намалување на цената – наведе Ангелоски.

Треба да се овозможат побрзи процедури за поставување фотоволтаици, односно ЕВН да дава енергетска согаласност во рок од седум до десет дена, а останатата документација да се обезбедува во период од 120 дена, укажа Ангеловски.

Од ССК оценија дека енергетската криза ќе трае подолго време и побараа државата, ако треба и да се задолжи, за да помогне, а како што потенцираа Ангеловски, бизнисот тоа ќе го врати.

Поврзани содржини