НА ЛИТУРГИЈА САМО ПЕШ Утре ќе бидат затворени за сообраќај сите улици околу Соборен храм

За сообраќај ќе бидат затворени бул. Партизански одреди од крстосница со ул. Аминта Трети до крстосница со бул. ВМРО и ул. Св.Климент Охридски од крстосница со бул. Илинден до крстосница со ул. Димитрие Чуповски во Скопје, наведено е во полициското соопштение.

513

Поради официјална посета на делегација на Српската православна црква (СПЦ) предводена од српскиот патријарх Порфириј, утре ќе биде воведен посебен режим на сообраќај по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, односно околу Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„За сообраќај ќе бидат затворени бул. Партизански одреди од крстосница со ул. Аминта Трети до крстосница со бул. ВМРО и ул. Св.Климент Охридски од крстосница со бул. Илинден до крстосница со ул. Димитрие Чуповски во Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници“, наведено е во соопштението.

Поврзани содржини