На крајот на април го очекувам пикот на коронавирусот, проценува Филипче
Продолжуваат мерките за отсуство од работа на хронично болните лица.
Пикот на коронавирусот го очекувам на крајот на април, според проценките на епидемиолозите согласно растот на бројот на пациенти, но и согласно мерките воведени во изминатиот период – рестрикциите на движењето, ограничувањето на социјалните контакти – рече министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој смета дека досегашните мерки се сосема доволни – полицискиот час, целосното ограничување на движењето, ограничувањето на движењето на повозрасните лица на возраст над 67 години и лицата на возраст до 18 години е нешто што очекуваат да даде резултат.
– Се надеваме дека овие мерки практично ќе дадат резултат во смисла на тоа и во периодот што следи да немаме експоненцијално зголемување на бројот на пациенти, туку линеарно и потоа тој број да се намалува – рече Филипче и додаде дека продолжуваат мерките за отсуство од работа на хронично болните лица.