НА КЛУЧКАТА КАЈ ГРАДСКО СЕ СЛУЧИ СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА Сообраќајот Велес – Градско е пренасочен на автопатот
Несреќата се случила кај исклучокот Градско околу 17.10 часот, поради што сообраќајот беше во прекин до 17.25 часот, а потоа е пренасочен.
На регионалниот пат Велес – Градско се случи сообраќајна несреќа поради која сообраќајот е пренасочен по автопатот, информира Авто мото сојузот.
Несреќата се случила кај исклучокот Градско околу 17.10 часот, поради што сообраќајот беше во прекин до 17.25 часот, а потоа е пренасочен.
Според СВР Велес, се судриле патничко и товарно возило. Во несреќата има и повредени лица кои со возило на ИМП се пренесени во Ургентен центар во Велес.
Оттаму не дадоа повеќе детали за сообраќајката.