На Кардиологија се тестираат 15 вработени, откако техничар се заразил со корона

1,239

На Клиниката за кардиологија во Скопје се тестираат 15 вработени, откако еден од колегите, кој е рентген-техничар, се заразил со коронавирус, дознаваме неофицијално.

Техничарот немал контакти со пациенти, но имал со колегите, кои за работа се поделени во две смени, па ќе се тестираат 15-тина вработени.






Според првичните сознанија, техничарот не престојувал во странство, па се испитува како и каде се инфицирал со новиот вирус.

Повеќе детали за овој најнов случај на инфициран вработен во ЈЗУ се очекува да соопшти министерот Венко Филипче на прес-конференција денеска  во 14.30 часот.

 

Поврзани содржини