На Камени мост фатен е притвореникот кој побегна од пред Кривичен суд

254

МВР информира дека полициски службеници од СВР Скопје од Единицата за прв одговор и интервенција, кај Камен мост во Скопје го привеле бегалецот кој утрово ѝ побегна на затворската полиција.

Станува збор за А.З.(30) од Скопје, кој во 9.40 часот, при излез од Кривичен суд во Скопје, додека бил спроведуван од страна на затворска полиција, избегал.






Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и А.З е приведен во Полициската станица Центар за понатамошна постапка, велат од МВР.

Поврзани содржини