На интерните клиники има само 20 слободни места

Министерот за здравство и директорите на клиниките се договориле ниту еден пациент да не остане без лекарска грижа, а во исто време да не се намали ниту редовната програма на клиниките за акутните и хрончните пациенти.

467

Состојбата е сериозна и се соочуваме со силен бран на вирусот и голем наплив на болни. Наша цел е ниту еден пациент да не остане без лекарска грижа, а во исто време да не ја намалиме ниту редовната програма на клиниките за акутните и хрончните пациенти кои за тоа имаат потреба, изјави министерот за здравство  Венко Филипче на денешната средба со директорите на  интерните клиники.

На состоанокот, како што информираа од Министерството за здравство е разгледана моменталната состојба со пополнетоста на ковид центрите, состојбата на пациентите кои таму се лекуваат, расположливоста со медицински пероснал и можностите и потребата од проширување на капацитетите.






Според податоците на Министерството за здравство, на интерните клиники моментално има околу 20 слободни места, а се очекува да се направат и дополнителни исписи на оздравени пациенти.

Утре, додаваат од Здравство, ќе почне да работи и ковид-центарот на Клиниката за очни болести на кој ќе можат да се сместат 33 пациенти.

 

 

 

Поврзани содржини