НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ СЕ ЧЕКА ПО 45 МИНУТИ Најфреквентно на ГП Табановце и ГП Богородица

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

139

Околу 45 минути е задржувањето на граничните премини за влез и излез во државата. Вообичаено, најфреквентно е на ГП Табановце на македонско српската граница и на ГП Богородица за влез во Грција.

„На ГП Табановце и ГП Богородица за влез во државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата“, информираат од АМСМ.






АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини