НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ НЕМА ЗАДРЖУВАЊЕ На „Богородица“ се поминува за половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, информираат од АМСМ.

97

На граничните премини за влез и излез од државата утрово нема поголеми задржувања.

На ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 30 минути, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата напатиштата. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.






Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

Поврзани содржини