НАЈГОЛЕМОТО СРЦЕ ВО ХОЛИВУД Кијану Ривс донирал 70 отсто од својата плата од „Матрикс“ за пронаоѓање лек за леукемија

Актерот сакал да го финансира истражувањето за ракот на крвта, откако на неговата сестра Ким (која сега има 55 години), и била дијагностицирана таа болест во 1991 година.

1,002

Кијану Ривс донирал 70 отсто од својата плата од првиот филм „Матрикс“ за финансирање на истражување за леукемија – откако неговата помлада сестра се борела со оваа болест 10 години.

Педесет и седум годишниот актер, кој бил платен 10 милиони долари однапред и заработил вкупно 35 милиони долари за првиот филм во франшизата од 1999 година, сакал да го финансира истражувањето за ракот на крвта, откако на неговата сестра Ким (која сега има 55 години), и била дијагностицирана таа болест во 1991 година.






Кијану дури и го продал својот и се преселил поблиску до сестра си за да и биде при рака во најтешките смоменти. Тој го одложил снимањето на продолженијата на „Матрикс“ и потроши околу 5 милиони долари на терапии за да и помогне на Ким да закрепне.

Претходно, тој за својата сестра рекол: „Таа секогаш беше тука за мене. Јас секогаш ќе бидам тука за неа“.

Познатиот актер оттогаш основа добротворна фондација за да им помогне на оние кои се борат со ракот. Во 2009 година, тој рече: „Имам приватна фондација која работи пет или шест години и им помага на неколку детски болници во истражувањето на ракот. Само не сакам да се спомнува моето име. Јас им обезбедувам средства и тие си ја работат нивната работа“.

 

Поврзани содржини