📷 НАЈГОЛЕМОТО ДЕКОЛТЕ ВО ХОЛИВУД Се појави во тесен фустан и го украде шоуто
Холивудската убавица Салма Хаек присуствуваше на гала настанот „Careing for Women“ и ги остави сите без здив со своето модно издание.
Холивудската убавица Салма Хаек присуствуваше на гала настанот „Careing for Women“ и ги остави сите без здив со своето модно издание.
Салма Хаек важи за една од најелегантните жени во Холивуд. Нејзиниот природен изглед кој го негува и нејзиното постојано насмеано лице се нејзин заштитен знак.
Овој пат таа ги воодушеви присутните со едноставна, но во исто време ефектна комбинација, а ја засени и Ким Кардашијан, која исто така беше една од гостите.
Салма се одлучила за долг црн, но проѕирен фустан кој ја следи линијата на телото и има шлиц одзади. Нејзините облини воедно се и нејзин заштитен знак, а со овој модел успеала да ги истакне уште повеќе и сите да ги остави без зборови.
Со оглед на тоа дека фустанот е без прерамки, актерката избрала ефектна огрлица. Високите црни платформи и црвениот кармин само го комплетирале магичното издание на познатата актерка која освен со модни изданија, често ги засмејува своите следбеници и со бројни анегдоти од секојдневието.
Да потсетиме дека Салма неодамна го прослави својот 58 роденден, а по тој повод нејзините фотографии во бикини ги преплавија социјалните мрежи.
View this post on Instagram