НАЈГОЛЕМИОТ НАПАД НА РУСИЈА ТРГНАЛ ОД РУСИЈА? Украинските безбедносни служби објавија детали за нападот на Псков

Шефот на воената разузнавачка служба на Украина, Кирило Буданов, посочи дека нападот на воздухопловната база во Псков бил извршен од Русија, но не кажа дали нападот го извршиле украински или руски оперативци.

1,475

Нападот со дронови врз воздухопловна база во рускиот град Псков бил извршен од Русија, изјави шефот на воената разузнавачка служба на Украина, Кирило Буданов. Тој рече дека два воени транспортни авиони „Иљушин“ се уништени, а два се оштетени. Русија соопшти дека четири биле оштетени.

Буданов иако посочи од каде тргнал нападот, не кажа дали нападот го извршиле украински или руски оперативци. Речиси секојдневно се случуваат напади со украински беспилотни летала врз Русија. За потсетување, Украина го призна нападот на Псков, кој се смета за најголем напад врз Русија од почетокот на инвазијата на Украина.






Но, се чини дека со денешните коментари Буданов стави крај на шпекулациите дека нападот на аеродромот Псков бил извршен со оружје од долг дострел. Вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека оружјето од украинско производство ја погодило целта на растојание од 700 километри. Псков е на околу 500 километри од украинската граница.

-Оперираме од руска територија – изјави синоќа Буданов за веб-страницата „Воена зона“, без да прецизира каков тип или колку беспилотни летала се користени. Тој рече дека беспилотните летала ги гаѓале врвовите на авионите – локацијата на резервоарите за гориво и критичните делови на крилата.

Оштетените авиони се товарни авиони со долг дострел, идеални за транспорт на војници и опрема на долги растојанија и затоа се вреден воен ресурс за Русија. Во меѓувреме, синоќа продолжија нападите со беспилотни летала на повеќе локации во Русија.

Непотврдени извештаи велат дека е погодена фабрика за производство на електронски делови за ракети во градот Љуберци, во близина на Москва. Сепак, московскиот градоначалник Сергеј Собјанин на каналот Телеграм изјави дека дроновите биле соборени без никаква штета или жртви.

Како и во случаите на претходните напади во областа на Москва, утринава беа одложени или откажани бројни летови од московските аеродроми.

Поврзани содржини