Најголемата фонтана во светот фрла вода до 105 метри во висина

406

Најголемата фонтана во светот е пуштена во употреба во Дубаи, ѓто беше проследено со огномет.

Фонтаната зафаќа 7.327 квадратни метри, украсена е со 3.000 лед светла, а 7.500 млазници фрлаат вода висока до 105 метри.






„Фонтана палма“ се наоѓа во трговскиот центар „Поинте“ на вештачкиот остров во форма на палма.

Најновата атракција на Обединетите Арапски Емирати влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголема фонтана во светот.

Фонтаната ќе работи во текот на целата година од утро до полноќ, а водените млазници се активираат на секои три минути во различни бои.

Поврзани содржини