НАЈГОЛЕМА ПОДДРШКА ОД ВЛАДАТА ЗА ОПШТИНИТЕ Со 4,2 милиони евра се купуваат 49 возила и опрема за одржување хигиена

Вицепремиерот Николоски вели дека ова е најголем инвестициски циклус во општините кој, како што рече, ќе продолжи и во следниот период.

0

Со инвестиција од 4,2 милиони евра за прв пат набавуваме нови возила и опрема за одржување на хигиената низ општините. Ова е најголема поддршка до сега од Владата за општините во делот на подобрување со состојбата со хигиента, изјави вицепремиерот Александар Николоски на работилница на ЗЕЛС со наслов: планови за одржлива урбана мобилност“.

-Се купуваат 49 возила од различен тип, кои што треба да помогнат на градот Скопје и на останатите општини за подобрување на состојбата со хигиената. Се купуваат 17 мултифункционални возила за урбано одржување хигиена со вкупна вредност од 1,5 милиони евра, 3 мултифункционални возила за урбано одржување хигиена со соодветни механизми со вредност од 283 илјади евра, 9 специјализирани камиони кои што се во вредност од 982 илјади евра, 21 машина за чистење на улици во вредност од 1,3 милиони евра или вкупно како што кажав за 4,2 милиони евра се купуваат 49 возила со поддршка на Светска банка што сериозно ќе помогне во подобрување на состојбата со хигиената- рече Николоски.






Николоски рече дека ова е најголем инвестициски циклус во општините кој, како што рече, ќе продолжи и во следниот период.

Тој најави дека со мисијата на Светска банка следната недела ќе се разговара за финансирање нови проекти во општините.

-Нивната мисија е тука за нови проекти кои што ќе бидат во насока на подобрување на состојбата во општините, секако и други проекти што заеднички ќе ги работиме – рече Николоски.

Поврзани содржини