📷 НАЈГОЛЕМА КРИЗА ПО ВОЈНАТА ВО БОСНА Татко и син спасиле 10 луѓе, па водата го однела синот

Сè уште не знаеме колкава е точната бројка на загинати и исчезнати. Не се сеќавам на ваква криза од војната досега. Размерите на оваа хаотична ситуација се застрашувачки, рече портпаролот на Владата на Херцеговско-неретванскиот кантон, Дарко Јука

2,060

Татко и неговиот син утрово храбро се бореле и успеале да спасат 10 луѓе од поплавите, а потоа поројот го одвлекол синот и го однел, јавуваат босанските медиуми за уште една трагична случка по поплавите што погодија населени места во пет општини и однесоа најмалку 20 животи.

Официјалните лица ја потврдија смртта на 14 луѓе. Тоа се загинати чии тела ги пронашле спасуачите. Многу лица се водат како исчезнати.






Најкритично е во општината Јабланица.

Раководителот на Секторот за односи со јавност на Владата на Херцеговско-неретванскиот кантон, Дарко Јука рече дека моментно ситуацијата е нешто постабилна.

– Сè уште не знаеме колкава е точната бројка на загинати и исчезнати. Не се сеќавам на ваква криза од војната досега. Размерите на оваа хаотична ситуација се застрашувачки – рече Јука.

Тој потврди дека итните служби успеале да стигнат до Јабланица.

– Во моментов најкритична е ситуацијата во Доња Јабланица, која е целосно отсечена од светот. се урнале сообраќајните патишта, како и неколку мостови на реката Дрежанка – рече Јука.

И поширокото подрачје на Коњица е изолирано, а повредените се евакуираат со чамци што ги користат припадниците на вооружените сили на Босна и Херцеговина, Цивилната заштита и локални клубови.

– Сите расположливи сили се на терен – Цивилната заштита, полицијата, Планинската спасувачка служба и Црвениот крст, додека соседните кантони нудат помош – рече Јука.

Јука апелираше до граѓаните да ја сфатат сериозноста на ситуацијата и да не се упатуваат кон Јабланица и Коњиќ од кој било правец.

– Во еден дел нема клучка кај изворот Комадино, а исто така пропаднаа три километри пат кај Рама – рече Јука.

Тој предупреди за лошите прогнози за претстојниот викенд и повтори дека ситуацијата останува многу сериозна.

Поврзани содржини