НАЈГОЛЕМА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ЧАШКА, НОВАЦИ И ВО КРИВА ПАЛАНКА До 11 часот гласале 9,38 проценти од гласачите

Со најмала излезност се општините Сопиште - 3,93 проценти, Центар Жупа - 4,89 проценти, Боговиње - 4,48 проценти и Врапчиште - 2,54 проценти.

1,328

Излезноста на локалните избори до 11.15 часот е 9,38 проценти, објави Државната изборна комисија (ДИК).

– До 11.15 часот пристигнати се податоци од 3.139 избирачки места на кои од вкупно запишани 1.645.583 гласачи гласале 154.275 граѓани, односно 9,38 проценти – рече портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска.






До ДИК досега нема информации од избирачките одбори за евентуални проблеми или непријатности, додаде таа.

Според податоците на ДИК, општини со најголема излезност се: Чашка со 22,60 проценти, Новаци со 19,3, Крива Паланка со 16, 85, Кратово со 16,16, Дебрца со 15,76, Градско со 15, 27, Демир Капија со 15, Богданци – 14,55, Берово – 13,51 процент, Бутел – 10, Виница – 10,76, Гевгелија – 12,81, Кратово – 16,16, Крушево – 16,97, Пробиштип – 17,64 и Ранковци со 15,5 отсто.

Со најмала излезност се општините Сопиште – 3,93 проценти, Центар Жупа – 4,89 проценти, Боговиње – 4,48 проценти и Врапчиште – 2,54 проценти.

Изборите ги набљудуваат 1.484 набљудувачи од кои 800 домашни и 645 меѓународни и 14 странски новинари.

Претходно ДИК информираше дека на две избирачки места, во Куманово и во Штип, поради технички причини гласањето се одвива без биометриска идентификација, туку со УВ спреј и УВ ламба.

На денешните избори се гласа на 3.474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1.832.415 граѓани.

Државната изборна комисија ќе има прес-конференции на секои два часа, а првичните неофицијални резултати се очекуваат околу полноќ.

На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10.490 кандидати.

Поврзани содржини