НА ГЕРМАНИЈА НЕ Ѝ ТРЕБААТ ВЕЌЕ МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТНИЦИ Преполовена е квотата за работници од Балканот

Според агенциите за посредување при вработување, моменталната побарувачка за работна сила во Германија е значително намалена, а многу сектори, вклучително и градежништвото, веќе не вработуваат во истиот обем како претходно.

7,296

Од досегашните 50.000 дозволени работници, Германија одлучи да го намали бројот на годишни влезни дозволи на 25.000 за граѓаните од Македонија и од останатите балкански земји.

Оваа одлука доаѓа во време на економска нестабилност, рецесија и промени во политиките на новата германска влада, која се фокусира на ограничување на имиграцијата.






Според агенциите за посредување при вработување, моменталната побарувачка за работна сила во Германија е значително намалена, а многу сектори, вклучително и градежништвото, веќе не вработуваат во истиот обем како претходно.

Покрај тоа, значителен број Украинци кои поради војната се преселија во Германија добија право на престој и работа, што дополнително влијаеше на вработувањата на работници од Балканот.

Од 2016 година, балканските држави – Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и Црна Гора – добија можност за легален влез на нискоквалификувани работници во Германија, но со најновите измени, бројката е значително намалена.

Германските работодавачи веќе ја изразија својата загриженост, предупредувајќи дека ограничувањето на квотата може да доведе до недостиг на работна сила во одредени сектори како што се градежништвото, угостителството и негата.

И покрај намалените квоти, и натаму постои можност за индивидуално вработување, доколку работодавач од Германија обезбеди потврда дека нема пријавени домашни или ЕУ работници за одредена позиција. Со оваа потврда, македонските граѓани можат да поднесат барање за работна дозвола во германското конзуларно одделение.

Синдикатите и деловните здруженија сметаат дека работниците од Балканот биле значајни за германската економија, а ограничувањето на влезот може да создаде проблеми за одредени индустрии.

Од друга страна, зголемувањето на трошоците за живот и намалените можности за вработување придонесуваат дел од македонските работници да се враќаат во земјата.

Поврзани содржини