На Евија евакуација поради пожари, монасите одбиваат да го напуштат манастирот
Ситуацијата е многу тешка. Пламенот е висок 30 до 40 метри во боровата шума, а огнот го обиколи манастирот. Се задушуваме од чадот, ова е ноќна мора – вели манастирскиот старешина за агенцијата АНА-МПА.
Грција наредила нова евакуација на населението од селото во северниот дел на Евија, кој е обиколен со големи пожари.
Жителите и туристите во Кулорос, Марулија, Ровиес и во Палаихори мораат да ги напуштат своите домови поради пожарите, јавува Катимерини.
Пожарникарите, авионите за гаснење на пожари, општинските екипи и волонтери се обидуваат да го стивнат пожарот во шумата кај селото Лимини.
Ситуацијата е многу опасна во областа Дримонас, каде група монаси одбиваат да излезат од манастирот Свети Давид, иако објектот е обиколен од оган.
– Ситуацијата е многу тешка. Пламенот е висок 30 до 40 метри во боровата шума, а огнот го обиколи манастирот. Се задушуваме од чадот, ова е ноќна мора – вели манастирскиот старешина за агенцијата АНА-МПА.