📷 НАЈЕМОТИВНАТА ФОТОГРАФИЈА ОД КОНЦЕРТИТЕ НА АЛЕКСАНДРА ПРИЈОВИЌ Пејачката ја наслови само со еден збор – „живот“

Младата српска фолк ѕвезда Александра Пријовиќ со месеци е во центарот на вниманието поради концертите што ги одржува низ целиот Балкан.

1,671

Младата српска фолк ѕвезда Александра Пријовиќ со месеци е во центарот на вниманието поради концертите што ги одржува низ целиот Балкан.

Со недели сите медиуми во регионот известуваат за феноменот Пријовиќ, а билетите за нејзините концерти беа распродадени речиси веднаш. На нејзините настапи продефилираа бројни нејзини колеги и колешки кои и се придружија на сцената пеејќи заедно со неа.






Меѓутоа, сега таа го привлече вниманието на себе со емотивна фотографија на која позира со својот син.

Љубовта помеѓу мајката и синот е секогаш нешто посебно, а колку на пејачката и е важен родителскиот момент во животот, можеме да препознаеме од самата фотографија.

 


Александра во описот на фотографијата, на која во прегратки го носи својот син Александар, напиша само еден збор: „Живот“.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини